Виткоф пристигна во Санкт Петербург на разговори со Путин
Рускиот претседател Владимир Путин во Санкт Петербург го прими специјалниот американски пратеник Стив Виткоф за да разгледаат нови предлози за ставање крај на војната во Украина. Средбата започна со гест на добра волја од Москва – ослободување на затворениот 74-годишен американски државјанин Стивен Хабард.
Ова е деветта директна средба меѓу Путин и Виткоф. Американскиот пратеник пристигна во Русија веднаш по разговорите во Осло, каде што украинскиот претседател Володимир Зеленски, заедно со лидерите на Финска, Норвешка и претставници на НАТО, изнесе идеи за рамка за прекин на огнот.
Според американски дипломатски извори, разговорите во Норвешка опфатиле безбедносни гаранции за Украина, економски план за обнова и нова европска безбедносна архитектура. Целта на дипломатската офанзива на Вашингтон е создавање услови за трилатерални преговори меѓу Путин, Трамп и Зеленски.
Средбата во царската палата Константиновски се одвива под силен политички притисок од Вашингтон. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно порача дека Украина мора да постигне договор или ќе се соочи со сериозни последици.
Во меѓувреме, односите меѓу Вашингтон и Киев бележат тензии поради поплаките од украинска страна за ограничување на воените сателитски комуникации преку системот Старшилд и доцнење на разузнавачките податоци. Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека пристапот на Украина до сателитската мрежа не е прекинат и оцени дека предлозите од Осло претставуваат основа за напредок во разговорите со руската страна.
Кремљ останува на своите клучни барања, меѓу кои се целосна контрола врз регионот Доњецк и гаранции дека Украина нема да стане членка на НАТО. На разговорите во Санкт Петербург, покрај советникот за надворешна политика Јуриј Ушаков, присуствува и рускиот специјален пратеник за економски прашања Кирил Дмитриев.
Како увертира на средбата, руските власти го ослободија пензионираниот наставник Стивен Хабард, кој во 2022 година беше осуден под обвинение за платенички активности, што неговото семејство и одбраната категорично ги отфрлаа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Виткоф пристигна во Санкт Петербург на разговори…
Рускиот претседател Владимир Путин во Санкт Петербург…
Управниот одбор на „Лотарија“ не донел одлука…
Поранешниот член на Управниот одбор на „Државна…
Зеленски се согласува на замрзнување на војната…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека би…
Родителите на загинатите во Пулс: Изразуваме искрена…
63 згаснати животи. 63 ангели. 63 причини…
Ристовски го пречека светскиот шампион Марко Џорлев…
Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во…