Уставниот суд ја отфрли иницијативата за уставноста на линеарното покачување на пензиите

t

, Уставниот суд на крајот пресече – ја отфрли иницијативата која беше поведена а со која се оспорувашеодредба од Законот за пензиското и инвалидското осигурување што предвидува линеарно усогласување на пензиите. Од Уставен суд велат дека:

„ Судот оцени дека оспорената одредба има времен карактер, односно дека се однесува на точно определен период, по чиј истек престанала нејзината примена. Поради ова, постои процесна пречка за Судот мериторно да одлучува и согласно член 38 алинеја 3 од Актот на Уставниот суд, исполнети се условите за отфрлање на иницијативата.“ – велатр од Уставен суд.

Подносителите тврдеа дека пензиите се усогласуваат линеарно, односно со подеднаков износ на зголемување за сите пензионери, без оглед на висината на пензијата, односно висината на индивидуалното вложување со пензиските придонеси и годините на работен стаж. Во наводите од иницијативите се тврди дека:

„ Без објективно и разумно оправдување се фаворизира една категорија пензионери со ниски пензии на сметка на друга. Пензионерите со повисоки пензии, засновани на повисоки плати и долг стаж, добиваат релативно помало зголемување во проценти, со што нивната пензија губи реална вредност во однос на другите. Тоа значи дека државата ги изедначува пензиите на штета на оние што придонеле повеќе, со што се врши дискриминација, односно еднаков третман на нееднакви ситуации што е фактичка нееднаквост, спротивно на уставното начело на еднаквост кое подразбира еднаквост во правата, рамноправност пред законите и забрана на директна или индиректна дискриминација.“ пишува во иницијативата по предметот У.бр.96/2025.

Но, дебатата во јавноста останува отворена: дали пензискиот систем треба да лежи на заслуга или на социјална помош?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за уставноста…

, Уставниот суд на крајот пресече –…

Ѓорѓиевски: Го враќаме спомен-обележјето, го чуваме споменот…

Градот Скопје го реконструира вандализираното спомен-обележје на…

Клековски: Се вакцинирав против сезонски грип –…

Во Институтот за јавно здравје, кој е…

Викендов преминуваме на зимско сметање на времето,…

Во недела, на 25 октомври, започнува зимското…

Виткоф пристигна во Санкт Петербург на разговори…

Рускиот претседател Владимир Путин во Санкт Петербург…