Објавено на:

(Видео) Празни рафтови и недостиг од гориво во јужна Италија: Превозниците ги блокираат испораките

t

Протестите на камионските превозници поради високите цени на дизелот предизвикаа проблеми во снабдувањето во јужна Италија. Во Неапол се забележани празни рафтови во дел од супермаркетите и недостиг од гориво на одделни бензински станици, објави Асошиејтед прес.

Демонстрантите го блокирале товарењето и истоварувањето свежа храна и друга стока во дистрибутивните центри во близина на градот. Трговците поставиле известувања дека одредени производи привремено не се достапни или дека изборот е намален поради штрајкот.

Проблемите се прошириле и во други јужни региони. На Сицилија бил пријавен недостиг од тестенини, пакувани сирења, месо и земјоделски производи, делумно влошен од зголеменото купување резерви. Делумно празни рафтови се забележани и во Калабрија и Апулија.

Министерот за транспорт Матео Салвини разговарал со националните здруженија на превозници и ветил даночни олеснувања за ублажување на трошоците за дизел. Според извештаите, горивото е приближно една третина поскапо отколку пред војната со Иран, а привременото даночно намалување истекло претходно месецов.

Нарушувањата стигнале и до воздушниот сообраќај. Според „Гардијан“, италијанската агенција ЕНАВ соопштила дека аеродромите во Кротоне и Реџо Калабрија останале без авионско гориво поради прекините во испораките. Авиокомпаниите биле предупредени да обезбедат доволно гориво на претходните аеродроми.

Продолжувањето на блокадите го зголемува притисокот врз владата да постигне договор со превозниците, додека граѓаните и компаниите веќе ги чувствуваат последиците од нарушениот транспорт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Празни рафтови и недостиг од гориво…

Протестите на камионските превозници поради високите цени…

„Фајненшл тајмс“: Нетанјаху бара обновување на големите…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се залага за…

Москва најавува нови преговори со Киев и…

Русија начелно се согласила да ги обнови…

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за уставноста…

, Уставниот суд на крајот пресече –…

Ѓорѓиевски: Го враќаме спомен-обележјето, го чуваме споменот…

Градот Скопје го реконструира вандализираното спомен-обележје на…