Унгарската МОЛ ја купува „Нафтената индустрија на Србија“
Потпишан е договорот за продажба на рускиот удел во компанијата „Нафтена индустрија на Србија“ (НИС) на унгарскиот концерн МОЛ. Ова го соопшти вршителот на должноста министер за финансии на Србија, Синиша Мали, во изјава за „Блумберг“, пренесе „Дир.бг“.
„Мнозинскиот руски сопственик „Газпром њефт“ и унгарската МОЛ постигнаа договор. На државно ниво склучивме и акционерски договор со унгарската страна. Останува единствено да ги добиеме потребните одобренија од надлежните антимонополски органи“, објасни Мали.
Договорот предвидува српската држава да го зголеми својот акционерски удел во НИС од 30 на 35 проценти и да има право на глас при донесувањето одлуки во компанијата.
Продажбата на руските средства во НИС е поврзана со санкциите на САД. Во јануари 2025 година, американското Министерство за финансии ја стави српската компанија на листата со санкции, заедно со нејзиниот мнозински акционер „Газпром њефт“. По неколку одложувања, ограничувањата стапија во сила на 9 октомври истата година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарската МОЛ ја купува „Нафтената индустрија на…
Потпишан е договорот за продажба на рускиот…
Наскоро почнува поставувањето на цевките за гасната…
Во Србија пристигнаа првите цевки за изградба…
Србија дала над 110.000 евра на здруженија…
Од 2023 година, Управата за дијаспора на…
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Америка ја продолжи лиценцата за НИС до…
Канцеларијата за контрола на странски средства при…