Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на „Онлифенс“ за една година
Корисниците од Македонија потрошиле околу 1,4 милиони евра на платформата „Онлифенс“ во периодот од декември 2024 до ноември 2025 година, покажуваат проценките на аналитичкиот сервис „JuicySearch“, објавени од „Блумберг Адрија“.
Според анализата, потрошувачката на македонските корисници изнесувала околу 1,6 милиони долари, односно приближно 1,4 милиони евра.
Во регионот, најмногу пари на платформата потрошиле корисниците од Хрватска, околу 10 милиони евра. Следуваат Словенија со 8,9 милиони евра и Србија со 7,7 милиони евра. Во Босна и Херцеговина потрошувачката се проценува на 2,3 милиони евра, додека во Црна Гора изнесува околу 600.000 евра.
„Онлифенс“ е интернет-платформа на која корисниците плаќаат претплата или дополнителни износи за пристап до содржини од различни автори. Платформата е најпозната по содржините за возрасни.
Од „JuicySearch“ посочуваат дека станува збор за аналитички проценки направени врз основа на глобални финансиски податоци и интернет-пребарувања, а не за официјални податоци за реалните трансакции на корисниците во секоја земја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на „Онлифенс“…
Корисниците од Македонија потрошиле околу 1,4 милиони…