Актерот Ѓорѓи Јолевски, историчарот Стојко Стојков и археологот Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година
Утре, по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври, во Кристалната сала на Собранието, ќе се одржи свечено доделување на Државната награда „23 Октомври“, која се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Македонија.
За остварување во областа на културата и уметноста, наградата му се доделува на актерот Ѓорѓи Јолевски, додека за остварување во областа на науката, наградата им се доделува на историчарот проф. д-р Стојко Стојков, како и на проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, археолог.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија ќе ограниза самит за Западен Балкан…
Велика Британија ќе биде домаќин на меѓународен…