Инстант лоз „Хороскоп“ на Државна лотарија

t

Државна Лотарија ја претстави четвртата серија на популарниот инстант лоз „Хороскоп“ – грепка што веќе освои илјадници љубители на среќата и забавата.

Со секое гребење на овој лоз, учесниците добиваат можност да станат дел од возбудливата приказна на добивките и да ја почувствуваат магијата на симболите и броевите. Новото издание повторно носи возбуда и можности за добивка, со фонд на добивки што вклучува: 5 премии по 500.000 денари, 10 добивки по 100.000 денари, 15 добивки по 50.000 денари и многу други парични добивки што го прават секој лоз потенцијален носител на радост.

Правилата на играта остануваат едноставни и јасни: за да се оствари добивка, потребно е некој од симболите или броевите во полињата, означени како: „Твои симболи и броеви“ да се совпадне со симбол или број во полињата означени како: „Добитни симболи и броеви“.

На еден инстант лоз може да се освојат до четири добивки, што ја зголемува шансата за изненадување и радост.
„Хороскоп“ не е само игра – тоа е комбинација на забава, мистерија и надеж. Симболите и броевите носат уникатна енергија, а секое гребење е нова можност за откривање на добитната комбинација.

Со четвртата серија, Државна лотарија ја продолжува традицијата на создавање игри, кои носат возбуда и ја збогатуваат секојдневната рутина на нашите играчи.

Со инстант лозот „Хороскоп“, секој може да стане дел од светот на добивките. Доволно е само малку среќа и еден гребнат лоз за да се отвори патот кон големите добивки.

Играјте одговорно, уживајте во забавата и дозволете ѕвездите да ви ја донесат среќата!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инстант лоз „Хороскоп“ на Државна лотарија

Државна Лотарија ја претстави четвртата серија на…

Инстант лоз „Титаниум“ на Државна лотарија

Со лозот „Титаниум“, Државна лотарија продолжува да…

Филипче ја разрешува Петровска од заменик координатор…

Венко Филипче ја разрешува пртеничката Славјанка Петровска…

Ослободени се обвинетите за нападот врз Пендиков,…

Основниот суд во Охрид ги ослободи Борче…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…