Мицкоски со порака од Брвеница: Сплотени и обединети гласајте за Стојанчо Радичевски за развој и иднина на општината
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од Брвеница упати повик до граѓаните да го поддржат кандидатот за градоначалник од неговата партија, Стојанче Радичевски, на изборите закажани за 1 ноември. Мицкоски порача дека изборот е меѓу, како што рече, политиката на поделби и криминал и опцијата што нуди развој, обединување и подобра иднина за општината.
Обраќајќи им се на жителите на Брвеница, Мицкоски истакна дека неговата политичка опција се залага за заедништво и обединување на граѓаните, наспроти, како што оцени, обидите за поделби по етничка линија.
„Денеска од овде, од општина Брвеница, заедно со идниот градоначалник на општина Брвеница, Стојанче, нашиот Цоки, испраќаме порака во која зборуваме за единство, за заедништво, за обединување“, изјави Мицкоски.
Тој нагласи дека изборите, според него, имаат значење и надвор од рамките на општината, бидејќи резултатот ќе испрати порака за политичката насока во која треба да се движи земјата.
„Би сакал да ги повикам жителите на општина Брвеница, кога ќе излезат на следните избори, да размислат добро за кого ќе гласаат, бидејќи пораката што ќе ја испратат не е само порака за општина Брвеница, туку е и порака за цела Македонија“, рече Мицкоски.
Во своето обраќање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ упати критики кон политичките противници, обвинувајќи ги за создавање поделби и посочувајќи дека нивниот политички ангажман е мотивиран од обидите да ги зачуваат сопствените политички кариери.
„Едната опција е опцијата што нуди криминал и поделби, а опцијата што ние ја промовираме, зад која застанавме, зад идниот градоначалник на општина Брвеница, Стојанче Цоки, е опција на развој, опција на обединување, опција на иднина“, истакна Мицкоски.
Тој ги повика граѓаните да не дозволат политичките разлики да ги нарушат односите меѓу луѓето што живеат во општината, нагласувајќи дека жителите ќе продолжат да живеат заедно и по завршувањето на изборниот процес.
„Немојте да дозволите да ве делат, затоа што после 1 ноември ќе дојде 2 ноември. Тие ќе заминат и можеби никогаш повторно нема да се вратат, а вие ќе останете да живеете едни покрај други и едни до други“, порача Мицкоски.
На крајот од обраќањето, тој повторно ја повика јавноста во Брвеница да го поддржи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи ги гласачите да го заокружат бројот 1 на изборите на 1 ноември.
„Затоа да ја препознаеме заедно оваа шанса, да го заокружиме бројот 1 и на 1 ноември да славиме заедно голема победа за Брвеница и за Македонија“, порача Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски со порака од Брвеница: Сплотени и…
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од Брвеница…
Десетици илјади луѓе протестираа во Мадрид поради…
Десетици илјади луѓе протестираа денеска во Мадрид…
ВМРО-ДПМНЕ со убедливо водство пред политичките конкуренти,…
ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водство пред останатите политички…
Ирански пратеник побара дозвола за нуклеарно оружје…
Претседателот на Комисијата за внатрешни работи во…
Русија и Украина разменија по 270 лица…
Русија и Украина спроведоа нова размена, со…