Дванаесетчасовна акција во штипско: Запленети дрва, одземени „форд“ и „мицубиши“
Огревни дрва и две возила се одземени во полициска акција за спречување бесправна сеча, пустошење шуми и нелегален транспорт на дрва во штипско. Контролите биле спроведени денеска, 23 октомври, од 04:00 до 16:00 часот, на патните правци кон планината Плачковица и во атарите на околните села.
Според МВР, во селото Калаузлија полициските службеници запреле „форд“, управуван од Љ.С. од Скопје, со престој во Штип. Во возилото биле пронајдени огревни дрва без соодветна документација. Возилото и дрвата биле одземени и предадени на Шумската полиција.
Во атарот на селото Кучица било пронајдено напуштено патничко возило „мицубиши“, натоварено со огревни дрва. Полицијата го одзела возилото и го пренела во кругот на Полициската станица во Штип, каде што ќе се утврдуваат сопственоста и евентуалната поврзаност со кривично дело. На друга локација во атарот на истото село биле пронајдени и складирани огревни дрва.
Дополнително, во соработка со Шумската полиција, во двор на куќа во селото Радање, сопственост на Д.А., биле откриени нежигосани огревни дрва кои, според МВР, потекнуваат од нелегална сеча. Тие биле одземени и предадени на вработени во подружницата „Серта“ – Штип на ЈП „Национални шуми“.
Од МВР најавуваат дека по целосното расчистување и документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави. Во соопштението не е наведена вкупната количина на одземената дрвна маса.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дванаесетчасовна акција во штипско: Запленети дрва, одземени…
Огревни дрва и две возила се одземени…
Мицкоски со порака од Брвеница: Сплотени и…
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од Брвеница…
Десетици илјади луѓе протестираа во Мадрид поради…
Десетици илјади луѓе протестираа денеска во Мадрид…
ВМРО-ДПМНЕ со убедливо водство пред политичките конкуренти,…
ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водство пред останатите политички…
Ирански пратеник побара дозвола за нуклеарно оружје…
Претседателот на Комисијата за внатрешни работи во…