Над 1.400 прекршоци за 10 дена во Југозападниот регион, 85 отсто за брзо возење – граѓаните сè уште се привикнуваат на камерите

t

Системот „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Дебар и Кичево стапи во сила на 12 октомври, а за само 10 дена е регистриран голем број прекршоци. Дури 85 отсто од казните се за возење со брзина над дозволената.

„Од тогаш до денес, на целата територија што ја покрива СВР Охрид се регистрирани 1.415 прекршоци. Кога станува збор за најчестите прекршоци, можам да кажам дека тоа е пречекорувањето на брзината, со вкупно регистрирани 1.211 прекршоци“, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Димоски вели дека системот „Безбеден град“ помага во спречувањето сообраќајни несреќи и намалувањето на бројот на сообраќајки со смртни последици.

„Секое непочитување на ограничувањето на брзината претставува црна точка и можност за предизвикување сообраќајна несреќа. Затоа, еден од главните приоритети на „Безбеден град“ е намалувањето на сообраќајните несреќи, пред сè на оние со смртни последици и тешки повреди, односно намалување на вкупниот број несреќи“, додаде Димоски.

Мислењата на граѓаните за системот „Безбеден град“ се поделени. Некои велат дека во последните 10 дена возачите биле повнимателни, додека други сметаат дека ефектите сè уште не се забележуваат, бидејќи граѓаните не се навикнале на овој начин на казнување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Над 1.400 прекршоци за 10 дена во…

Системот „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Дебар…

Иранскиот претседател Пезешкијан ги обвини САД за…

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ги обвини САД…

Протести во Чешка поради промени во финансирањето…

Неколку десетици демонстранти се обидоа насилно да…

Ескалираа протестите во Тирана: Демонстранти фрлаа камења,…

Масовните антивладини протести во албанската престолнина денеска…

„Италија надвор од војната“: Стотици демонстранти маршираат…

Протестен марш под слоганот „Италија надвор од…