Осум повредени на протестите во Тирана, запалена општината и вратата на Министерството за животните средина

t

Осум лица добиле медицинска помош поради повреди здобиени за време на денешниот протест во Тирана, се наведува во прелиминарниот извештај на албанското Министерство за здравство и социјална заштита, јави албанската новинска агенција АТА.

Според соопштението на Министерството, еден пратеник во албанскиот Парламент, еден новинар и четворица демонстранти побарале помош во Универзитетскиот болнички центар „Мајка Тереза“. Сите шестмина се веќе пуштени од болницата откако им била укажана лекарска помош.

Во меѓувреме, еден полицаец и еден новинар добиле медицинска помош во Универзитетската болница за трауматологија. Нивната здравствена состојба е стабилна.

Претходно демонстрантите ја запалија општината, како и влезната врата на Министерството за животна средина во центарот на Тирана, додека безбедносните сили употребија големи количини солзавец за да ја растераат толпата на плоштадот Скендербег. Пламенот на вратата на Министерството набрзо е изгаснат, додека пламен се појави и на прозорецот од истата зграда.

Масовните антивладини протести во албанската престолнина денеска ескалираа во судири меѓу демонстрантите и полицијата, откако учесници на протестот фрлаа камења и пиротехнички средства кон безбедносните сили и државните институции. Полицијата интервенираше со водени топови и солзавец, додека на повеќе локации во градот беа запалени контејнери и поставени барикади.

Фото: Б. Грданоски
Тензиите во Тирана се високи, а протестите се одвиваат во услови на зголемено политичко и социјално незадоволство насочено кон владата на премиерот Еди Рама. Во последните месеци опозициската Демократска партија, предводена од Сали Бериша, организираше повеќе демонстрации со барање за предвремени избори, обвинувајќи ја Владата за корупција, лошо управување и влошување на животниот стандард.

Во исто време, студентски и граѓански групи изразуваат незадоволство поради економските услови, високите трошоци за живот, иселувањето на младите и состојбите во образовниот систем. Дел од демонстрантите сметаат дека Албанија се соочува со сериозни проблеми поврзани со вработувањето, социјалната сигурност и перспективите за младите

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осум повредени на протестите во Тирана, запалена…

Осум лица добиле медицинска помош поради повреди…

Под мотото „Чувари на верата и македонскиот…

Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија…

САД повлекуваат дел од дипломатите од Блискиот…

Соединетите Американски Држави го намалуваат дипломатскиот персонал…

Над 1.400 прекршоци за 10 дена во…

Системот „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Дебар…

Иранскиот претседател Пезешкијан ги обвини САД за…

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ги обвини САД…