Излезеноста во Србија до 11 часот е 27,3 отсто, РЕЧИСИ ДВОЈНО ПОВИСОКА ОД 2023 ГОДИНА

t

Според процената на ИПСОС и ЦеСИД, врз основа на обработени 93,7 отсто од примерокот, до 11 часот гласале 27,3 отсто од избирачите. На парламентарните избори во 2023 година, до истиот термин гласале 15,1 отсто од избирачите.

До 10 часот на територијата на Србија гласале 19,72 отсто од вкупниот број запишани избирачи. Податокот не се однесува на територијата на Косово и Метохија, соопшти Републичката изборна комисија (РИК) на прес-конференција.

До 10 часот во Војводина гласале 23,62 отсто од запишаните избирачи, во Белград 20,46 отсто, во регионот Шумадија и Западна Србија 17,08 отсто, а во регионот на Јужна и Источна Србија 17,40 отсто.

На претходните парламентарни избори, одржани на 17 декември 2023 година, излезноста до 10 часот изнесувала 9,94 отсто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Излезеноста во Србија до 11 часот е…

Според процената на ИПСОС и ЦеСИД, врз…

ПОВЕЌЕ ОД 70 ИЗБОРНИ НЕПРАВИЛНОСТИ ВО СРБИЈА:…

Центарот за слободни избори и демократија (ЦеСИД)…

(Видео) Маскирани лица влегоа во кол-центар на…

Српските медиуми објавија дека во кол-центар на…

(Фото) Вучиќ чека во ред за да…

Во Србија во 7 часот почнаа вонредните…