Легендарниот кошаркар Бодирога влегува во српскиот парламент

t

Легендарниот кошаркар и поранешен репрезентативец на СФР Југославија и СР Југославија Дејан Бодирога е еден од кандидатите на Студентската листа, која победи на вонредните парламентарни избори во Србија со околу 52 проценти од гласовите.

Со оглед на тоа што CeSID и Ipsos во конечната проекција ѝ даваат на Студентската листа 140 од вкупно 250 пратенички места во Народното собрание, и дека Бодирога беше на 24-то место на листата, очекувано е тој да се најде во пратеничките клупи.

Бодирога, кој е претседател на Евролигата од септември 2022 година, со години јавно го поддржува студентското движење, а на последниот митинг на Студентската листа пред изборите на 22 октомври на плоштадот Славија во Белград, се обрати на толпата и ги повика да излезат и да гласаат.

Откако Вучиќ го призна поразот, Бодирога за белградски „Данас“ изјави дека очекувал таков исход и дека младите од Србија победиле.

Бодирога е национален фаворит, и затоа многу Срби го гледаат надвор од парламентарните клупи, поточно – на позицијата нов претседател на земјата.

Србија се соочува и со претседателски избори до крајот на годината, со оглед на тоа што Александар Вучиќ поднесе оставка во септември оваа година.

Претседателските избори мора да се одржат најдоцна во декември, а Бодирога се споменува како еден од потенцијалните кандидати на Студентската листа за таа позиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Легендарниот кошаркар Бодирога влегува во српскиот парламент

Легендарниот кошаркар и поранешен репрезентативец на СФР…

Османи: Кремљ ги загуби двајцата свои главни…

Потпретседателот на ДУИ и екс-шеф на македонската…

Меџити: Промените победија во Србија, крајот на…

Еден од копретседателите на ВЛЕН и градоначалник…

Фон дер Лајен, Кошта и Марта Кос…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Марта Кос ѝ честиташе на Студентската листа:…

Марта Кос ѝ ја честиташе изборната победа…