Ова е младиот херој од Делчево кој пронајде и врати 4.000 евра – доби јавно признание
Градоначалникот на Делчево денеска му додели плакета на 18-годишниот Огнен Малешевски, кој викендов пронашол 4.000 евра и лични документи на улица и ги предал во полиција.
„Денешниот работен ден го започнав со прием на нашиот тивок херој Огнен Малешевски. Момчето кое со својот пример ја восхити целокупната јавност без да побара грам внимание за својот подвиг“, напиша градоначалникот Иван Гоцевски на Фејсбук.

Тој порача дека жителите на Делчево се горди на постапката на младиот сограѓанин, која ја посочи како пример за чесност и за граѓанска одговорност.
„Капка пример вреди повеќе од река совети, а овој пример на Огнен зборува за нашето Делчево на најубав можен начин“, додаде градоначалникот.

Огнен во саботата, на булеварот „Македонија“ во Делчево, пронашол патна исправа и лична карта на свој сограѓанин, заедно со 114.000 денари и околу 2.000 евра.
Наместо да ги задржи парите, 18-годишното момче ги однело во Полициската станица Делчево, каде што ги предало заедно со документите.
Министерството за внатрешни работи ја поздрави неговата постапка, оценувајќи дека станува збор за „позитивен пример за чесност, совесност и високо развиена граѓанска одговорност, особено кај младите“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ова е младиот херој од Делчево кој…
Градоначалникот на Делчево денеска му додели плакета…
БРАВО! 18-годишен делчевец пронашол лични документи и…
Пример за чесност и граѓанска одговорност: 18-годишен…
Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…
Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…
(Видео) Делчево ќе биде без вода најмалку…
Пукна разводен елемент во главна шахта во…
(Фото-галерија) ООЦК Делчево годинава го освои првото…
На 24 јуни 2026 година, во преполната…