Масовен пpoтecт за спас на Албанција и ypивање на нapкодржавата на чие чело е Рама
Пoранешниот албански претседател и експремиер Сали Бериша, кој себе си се гледа повторно на чело на опозициската Демократска партија, за 8 јануари најави масовен национален протест како единствен начин за спас на земјата.
На 20 декември Бериша ги предводеше приврзаниците на протест против иницијативата „Отворен Балкан“ и доаѓањето на српскиот претседател Александар Вучиќ во Албанија, а сега покрај спасот на земјата ќе протестира и за да го преземе партиското седиште.
– На 8 јануари ќе одржиме масовен национален протест кога 44.000 членови на ПД, кои потпишаа да направат историја ќе го превземат на користење објектот – седиштето на партијата. Тоа ќе биде потврда за нашата моќ за спас на земјава и уривање на наркодржавата на чие чело е Рама, рече Бериша во телевизиска емисија.
По одржувањето на Националното собрание на 11 декември, кога беше разрешен актуелниот лидер на ПД, Љуљзим Баша, и потврдата на одлуката, на референдумот спроведен за членството на 18 декември со, според него, 44.000 гласови, повеќе од јасно е дека Баша, кој е само пратеник, мора да го напушти партиското седиште.
Тој пак доби безрезервна подршка од Националното собрание и го исклучи Бериша од сите партиски структури.
Приврзаниците на Бериша двапати се обидоа насилно да влезат, еднаш успешно, се задржаа кусо и заминаа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Еди Рама: Никој не може да ме…
Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека…
(Видео) „Војна“ на улиците на Тирана, демонстрантите…
Илјадници млади Албанци денеска излегоа на улиците…
И неговите се свртеа против Еди Рама…
Сопартијката на албанскиот премиер Еди Рама, Елиса…
Илјадници млади на улиците во Италија и…
Илјадници студенти и средношколци излегоа на улиците…
(Видео) Хаос во Албанија: Горат министерства и…
Албанија трет ден се соочува со масовни…