Рама повторно повика на дијалог
Премиерот Еди Рама, уште еднаш го повтори повикот за дијалог со студентите, но со една промена. Во објава на Фејсбук, тој сподели снимки од камена маса пред зградата на Владата, врз која се поставени писмата со повик за дијалог.
Промената доаѓа откако студентите ги запалија столчињата за дијалог, кои беа поставени во изминатите денови, и ги поставија камењата пред зградата на Владата, изразувајќи го одбивањето да учествуваат во дијалог со лидерот на социјалистите.
Во меѓувреме, на состанокот на пратеничката група на Социјалистичката партија, одржан овој понеделник, премиерот Еди Рама им го претставил на социјалистичките пратеници пакетот мерки објавен еден ден претходно. Друга тема за која се разговарало на состанокот бил и државниот буџет.
Според извештаите, Рама ги информирал пратениците дека предлог-буџетот се очекува да биде усвоен од Владата во текот на оваа недела.
По состанокот, претседателот на пратеничката група на Социјалистичката партија, Таулант Бала, изјавил дека Еди Рама нема да поднесе оставка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рама повторно повика на дијалог
Премиерот Еди Рама, уште еднаш го повтори…
Дневниот весник на РТВ Војводина започна со…
Дневните вести на Радиотелевизија Војводина во 17…
Британскиот министер за одбрана: Имаме 1.000 дена…
Британскиот министер за одбрана, Вес Стритинг, предупреди…
По победата во Србија, студенти во Албанија…
Студенти во Албанија ја поддржуваат идејата протестите…
Се извини откако претстави македонска песна како…
Најновото издание на популарното музичко шоу „Ѕвездите…