Сопругата на Александар Вучиќ: Се затвора едно поглавје од мојот живот!
Тамара Вучиќ (45), сопругата на сега веќе опозицискиот лидер Александар Вучиќ по неговиот изборен пораз се огласи на Инстаграм. Таа објави опширна порака во која се осврна на годините поминати како прва дама на Србија.
„Едно поглавје од мојот живот се затвора и сакам да им се заблагодарам на сите вас што ме бодревте, охрабрувавте и поддржувавте низ годините – а тоа го правите и сега. Сигурна сум дека ги споделувам истите или слични вредности со сите вас; на крајот на краиштата, како поинаку би се препознале едни со други?“ напиша Тамара Вучиќ.
Исто така, призна дека низ годините не ѝ било секогаш лесно, особено во ситуации кога не можела да им помогне на луѓето на кои им била потребна помош.
„Има нешто што никогаш не ви кажав, а сега чувствувам потреба да го споделам. Имаше ноќи без сон – не поради товарот на моите одговорности, туку поради оние моменти кога, и покрај сите мои желби и напори, не можев да му помогнам на некој на кого тоа му беше потребно“, напиша таа.
Институтот за ран развој на детето и инклузија во Белград го смета за еден од своите најголеми успеси.
Институтот започна со работа во септември оваа година и е наменет за дијагностика и рехабилитација на деца со развојни потешкотии. Се простира на речиси 18 илјади квадратни метри и е опремен со современа медицинска опрема.
„Особено сум горда на Институтот за ран детски развој и инклузија. Верувам дека неговото вистинско значење ќе биде препознаено дури од идните генерации. Бескрајно сум благодарна за можноста верно и посветено да им служам на мојата земја и на мојот народ. Нека ни помогне милиот Бог, како народ и како земја. Амин“, заклучи Тамара Вучиќ.
Пред да стане прва дама на Србија, работела како телевизиска новинарка, а потоа се вработила во Министерството за надворешни работи на Србија.
Таа се омажи за Александар Вучиќ во декември 2013 година, а во јуни 2017 година го добија синот Вукан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен и Кошта по средбата…
Претседателите на Европската комисија и на Европскиот…
Вучиќ ги искара српските министри: „Ѓуро, не…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, обраќајќи се…
Вучиќ: Многу сум му благодарен на Додик…
Српскиот претседател Александар Вучиќ и лидерот на…
Вучиќ: На воената парада беше претставена гордоста…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека воената…
Вучиќ: Благодарност до руските партнери што нè…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес во Токио…