Уапсен е 69 годишен кавадарчанец – кај него најдени ловечка пушка и месо од срндак

t

МВР информира дека вчера попладне околу 15:00 часот, полициски службеници го лишија од слобода Ј.П.(69) од Кавадарци.

По преземени мерки и добиени сознанија, со судска наредба биле извршени претреси во неговата викенд куќа и помошни простории на место викано „Васов град, кавадаречко и во домот во кој живее во Кавадарци.

При претресот во викенд куќата, лицето добровочно предало ловечка пушка „Застава“, три ловечки патрони калибар 12, околу 13 килограми месо од срндак и девет недозволени средства за лов (примки), од кои на едната имаше остатоци од биолошки траги.

Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот, против лицето ќе бидат поднесени пријави за „незаконит лов“ по член 228 и „недозволено изработување, држење, и тргување со оружје и распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен е 69 годишен кавадарчанец – кај…

МВР информира дека вчера попладне околу 15:00…

Среде ноќ насилно влегол преку балкон и…

Вчера во 11:50 часот во Гостивар, полициски…

Тепачка во казино во Струга

На 25.10.2026 во 15:25 часот во ОВР…

Брутално семејно насилство во Скопје: Маж со…

Скопската полиција уапсила 53-годишен маж поради сомнение…

Во сообраќајка загина 58 годишник од струмичко…

МВР информира дека рано утринава околу 02:00…