До 16 часот гласале 55,7 отсто од електоратот – рекордна излезност на парламентарните избори во Израел

t

Излезноста на парламентарните избори во Израел до 16 часот е 55,7 отсто, што е за осум процентни поени повеќе за истиот период во 2022 година. Според Централната изборна комисија, станува збор за најголема излезност до тој период од 1973 година од кога се следат податоците.

Дин Ливне, в.д. генерален директор на Комисијата, изјави дека до 16 часот гласале над четири милиони избирачи, пренесува Тајмс оф Израел.

Меѓу поголемите градови, најголема излезност е забележана во Модина, каде на избирачките места до 16 часот излегле 60,7 отсто од електоратот. Во Тел Авив гласале 50,5 отсто од запишаните избирачи, во Ерусалим 47,7 отсто, во Хаифа 46,3 отсто.

Избирачките места во Израел се затвораат во 22 часот по локално време. Високата излезност би можела да го отежне влезот на помалите партии во Кнесетот, бидејќи мора да освојат најмалку 3,25 отсто гласови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

До 16 часот гласале 55,7 отсто од…

Излезноста на парламентарните избори во Израел до…

Приведено лице осомничено за двете убиства во…

Едно лице осомничено за двете убиства во…

Хезболах се подготвува за нов судир: Иран…

Либанскиот Хезболах ја искористил паузата во големите…

НЕОФИЦИЈАЛНО ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ЛОЗОВО, АЛЕКСАНДАР…

Дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија СДСМ во…

Пукна балонот – Избришани 480 милијарди долари:…

Кинескиот технолошки пазар се соочува со остар…