Заврши обдукцијата на двете жртви од Ѓорче Петров, истрагата проверува дали осомничените имале поделени улоги

t

Обдукцијата на двајцата починати жители на скопските населби Хром и Ѓорче Петров е завршена, а резултатите се очекува да бидат доставени до Обвинителството по дополнителните анализи, објави „Вечер“.

Истрагата продолжува со сослушување сведоци и анализа на собраните докази. Истражителите проверуваат дали четворицата осомничени имале поделени улоги при разбојништвата, како се одвивале нападите и кој каква улога имал во настаните.

Се испитуваат и предметите одземени од домовите на жртвите, со цел да се утврдат сите околности поврзани со двата случаја.

Четворицата осомничени беа уапсени на 27 октомври. Тие се сомничат за две кривични дела разбојништво со смртна последица, извршени во скопски Хром на 22 октомври и во Ѓорче Петров на 27 октомври.

Според информациите, првичниот притвор од 48 часа истекува во петок, а Обвинителството може повторно да побара краткотраен притвор доколку се исполнети законските услови.

Според извори од правосудните органи, четворицата осомничени живееле во Волково.

Истрагата треба да ги утврди индивидуалната одговорност на осомничените и сите околности под кои настанале двата трагични случаи. Осомничените се сметаат за невини сè додека нивната вина не биде утврдена со правосилна судска одлука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Сè повеќе држави советуваат домашни резерви…

Влади низ светот ги советуваат граѓаните да…

Естонија планира 150 бункери во пограничниот регион…

Естонија планира изградба на околу 150 бункери…

Британците купуваат повеќе вода и тоалетна хартија:…

Продажбата на тоалетна хартија, флаширана вода и…

(Фото) Над старата касарна во Битола откриени…

Дирекцијата за заштита и спасување денес во…

Ракетни системи ја чуваат резиденцијата на Трамп:…

Американските федерални служби поставиле мобилни противвоздушни системи…