Мицкоски: Прашањето за ЕУ е тешка борба, но ќе се бориме за државата, СДСМ оставија товар тежок како планини да поместуваме
Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во „Само интервју“ на Канал 5, говорејќи околу евроинтеграциите и уставните измени, истакна дека тој пат е тежок поради товарот којшто го остави владата на СДСМ, но оваа влада ќе продолжи да ги брани интересите на државата и граѓаните.
„Оставете нè да се бориме. Зошто моето право како политичар којшто добил легитимитет од граѓаните да ги брани интересите на оваа држава и нивни ми се успорува континуирано од одредена група на луѓе? Зошто? Оставете ме да се борам во името на тие коишто ми го дале тоа право“, потенцираше Мицкоски.
Тој исто така додаде дека ваквите процеси траеле и дека товарот оставен од минатата влада е како да се поместува планина за да се мрдне еден милиметар напред, но оваа влада ќе продолжи да го прави тоа во името на граѓаните кои му ја дале довербата.
„Ова се процеси коишто траеле. Кога е потпишан Бледскиот договор, зарем тогаш Димитров сонувал дека еден ден ќе се роди некој Заев или Ковачевски коишто ќе потпишат сè обратно што тој го потпишал како капитулација пред тогашното раководство на Македонија, Југословенската федерација? Не сонувал, ама еве чекале, чекале… И оваа борба ќе трае“, нагласи Мицкоски и додаде дека нема да се преземе ниту еден чекор повеќе додека не биде сигурен дека со тоа се решава целиот проблем.
„И да речам да се фрлам од 10-ти спрат и да речам дека ова така е, и јас и цела влада, ќе измислат нешто друго. Додека не бидеме сигурни дека со ова го решаваме целиот проблем. Сè додека не бидеме сигурни дека ова е двонасочна улица, ќе се бориме. Зошто ми го спречувате правото да се борам? Јас не сум рекол дека утре, веднаш ќе цутат цвеќињата, птиците ќе пеат и сè ќе биде розево. Не, ова е тежок процес бидејќи товарот којшто овие ни го оставија пред нас е толку тежок што поместуваме планини за милиметар да мрднеме напред. Планини поместуваме, толку е голем тој товар. И нема проблем, ќе ги поместуваме, но оставете нè, не ни ставајте нови товари“, потенцираше Мицкоски и додаде:
„Кога сте политичар и кога имате чест да водите влада и држава, не можете да ги водите политиките денес за утре. Морате да гледате месеци и години пред вас. Ако вие не сте способен да видите месеци, години, да видите неколку чекори, вие не треба да се занимавате со оваа работа“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Прашањето за ЕУ е тешка борба,…
Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во „Само…
Binance првпат се огласи за можниот безбедносен…
Криптовалутната берза Binance, според објава на социјалната…
Мицкоски: Ние сме единствената држава што води…
„Кога споредуваме, ние мора да споредуваме една…
„Њузмакс“: Администрацијата на Трамп планира удар врз…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира…
САД ЗАПОЧНАА МАСОВЕН ВОЕН ВОЗДУШЕН ТРАНСПОРТ КОН…
Соединетите Американски Држави започнале голема операција за…