Перпарим Бајрами го нарекувал Груби „шефот“, сведочеше советник во „Лотарија“
Поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами го нарекувал поранешниот вицепремиер Артан Груби „шефот“, имале пријателски односи, доаѓале од иста политичка партија, учествувале на партиски собири. Вака накратко го објасни односот меѓу Бајрами и Груби, сведокот на Обвинителството, Андреј Крстевски, кој сведочеше на денешното рочиште за злоупотребите во „Државна лотарија“.
– Мислам дека не беа ставени во функција, се чекаше за нивни решенија, беа ставени во некој наш магацин – рече тој во одговор на прашање каде се сега терминалите.
На прашање што му е познато за односот меѓу Бајрами и Груби, Крстевски одговори дека тие биле во пријателски односи, доаѓале од иста политичка партија, учествувале на партиски собири и дека Бајрами за Груби се обраќал како за „шефот“.
Во вкрстеното испрашување од страна на обвинетиот Бајрами, сведокот потврди дека членовите на Управниот одбор при одлучувањето се потпирале на мислењата и насоките од правната и финансиската служба. На прашање дали поранешната директорка имала блиски релации со „Казино Австрија“, одговори потврдно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лога, Груби и Битиќи: Разговараме за заедничка…
Неофицијално јас знам дека тој датум ќе…
Антикopyпциска го иcкapa Гpyби го пpeкршил Кодексот…
Антикорупциската комисија на денешната седница констатираше дека…
(Видео) Груби: Ќе има Албанец премиер во…
Првиот вицепремиер Артан Груби во интервју за…