За аферата со очната установа: Болницата реагира дека нема оштетени, поранешен пациент им враќа, не ми дадовте извештај и баравте кеш
Судија на претходна постапка на барање на јавен обвинител им одреди мерки на претпазливост, одземање на пасошот и јавување во судот на вкупно 9 осомничени од раководството на очната болница. МВР, во четвртокот, објави дека приватна болница наплаќала двојно за операција на очи – еднаш од ФЗОМ и еднаш од граѓаните – при што болницата имала добивка од над 4 милиони евра, а буџетот е оштетен за околу 1,5 милиони евра.
Според досегашните информации од истрагата, осомничените наводно користеле фиктивни фактури и невистинити податоци во електронскиот систем за да се реализираат исплатите од Фондот. На пациентите, покрај законската партиципација, им биле наплаќани и дополнителни суми по приватни цени, без да бидат информирани дека услугите веќе биле платени од ФЗО. Инволвирани се поранешни и сегашни вработени во Фондот, меѓу кои и поранешниот генерален директор Ден Дончев кој беше на позицијата од 2017 до 2020 година, и други раководни лица во приватната болница.
„Поднесена е кривична пријава против 11 физички лица, од кои еден албански државјанин и едно правно лице, и тоа: Д. Д. (60) од Скопје, О. Р. (66) од Тетово и С. Б. (59) од Скопје за злоупотреба на службената положба и овластување, Р. А. (45) од Куманово за несовесно работење во службата, З. А. (35) од Скопје за фалсификување или уништување деловни книги, В. Ќ. (47) од Скопје, С. А. (40) од Скопје и Г. А. (33) од Република Албанија за злоупотреба на службената положба и овластување и измама во службата, Ц. С. (47) од Скопје, Ж. С. (58) од Скопје и И. П. (49) од Скопје за несовесно работење во службата и против приватната здравствена установа од Скопје за перење пари и други приноси од казниво дело, соопштија од МВР.
Реагираа од Европската очна болница, тврдат дека не оштетила ниту еден пациент, ниту од здравствен ниту од морален или финансиски аспект.
„Напротив, и по повеќе од една година без поддршка од ФЗО, успеавме да ги зачуваме квалитетот, хуманоста и пристапноста на цените на офталмолошките интервенции за сите“, велат од приватната очна болница. На објавата, најверојатно поранешен пациент ја поздравува полициската акција обвинувајќи за нетранспарентност: „Луѓе прават операции на очи кај вас, а вие ги испраќате дома без никаков документ и евиденција дека правел операција. Тоа е недозволиво. На обичен очен преглед во оптика да појдеш, на крај ти даваат извештај во писмена форма, а да не зборуваме за операција. Сега не знам како е, но во 2025 година не прифаќавте ни плаќање со картичка туку само кеш“, коментира пациент на објавата на социјалната мрежа „Фејсбук“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За аферата со очната установа: Болницата реагира…
Судија на претходна постапка на барање на…
Имавме конструктивна средба, чекаме повратен одговор, кажа…
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско…
Перпарим Бајрами го нарекувал Груби „шефот“, сведочеше…
Поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…
Рама ја исклучи можноста за оставка, повика…
Албанскиот премиер Еди Рама повторно ги повика…