Хакиран билборд над автопат во Каиро: Наместо реклами, се емитувала содржина за возрасни – возачите ги запирале автомобилите
Билборд поставен над еден од главните автопати во Египет бил хакиран, при што на него се прикажувала порнографска содржина. Како што пренесува Си-Ен-Ен (CNN), властите покренале правна постапка во врска со овој инцидент.
Билбордот, кој се наоѓа на многу прометна сообраќајница во Каиро, привлекол големо внимание на социјалните мрежи, откако многу возачи ги запреле своите возила и ги извадиле телефоните за да ја снимат глетката.
На снимка што се појави на социјалните мрежи се гледа натпис преку порнографско видео, на кој е прикажано името на еден канал на „Телеграм“.
Во порака објавена на тој канал се наведува дека „Египет сè уште е под диктатура, при што власта ја одржува контролата преку репресија, додека земјата се мачи да напредува“.
Египетското Министерство за внатрешни работи соопшти дека прикажаната содржина потекнува од рекламна агенција која имала договор со една меѓународна компанија.
„Веб-страницата на таа меѓународна компанија била цел на сајбер-напад, што довело до емитување неовластена содржина“, наведоа од Министерството, додавајќи дека инцидентот се случил истовремено и во неколку други земји.
Министерството не ја именуваше компанијата, ниту пак прецизираше кои други земји биле погодени.
Сепак, локалните медиуми објавија дека сексуално експлицитна содржина била прикажана и на електронски билборди во Ирак, Малезија и Бразил.
Египет е под власт поддржана од војската уште од соборувањето на „Муслиманското братство“ во 2013 година.
Египетските судови се обидоа да го блокираат пристапот до порнографски веб-страници, но приватниот пристап до интернет останува широко распространет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хакиран билборд над автопат во Каиро: Наместо…
Билборд поставен над еден од главните автопати…
(Видео) Браво! Илјадници луѓе маршираат по улиците…
Десетици илјади граѓани маршираат во Тел Авив…
Јанша: Не замислувавме ваква ЕУ кога одлучивме…
Премиерот на Словенија Јанез Јанша објави листа…
Јотова ги повика европските лидери да разговараат…
Бугарската претседателка Илијана Јотова повика на обновување…
Во Корча промоција на етнокултурното наследство на…
Во салата на Советот на Округот Корча,…