Петрушевски: Судиите на Филипче и Ахмети повторно во нивна одбрана, судат само по насоки на нивните наредбодавци
Судиите на Филипче и Ахмети повторно во нивна одбрана, судат само по насоки на нивните наредбодавци, изјави денеска на прес-конференција Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што го пренесуваме интегрално.
Откако пред само некој месец Ислам Абази го амнестираше Филипче за било каква вина во случајот со модуларните болници, со тоа што не отвори случај за истите, денес Африм Фидани ги ослободи Артан Етеми и Флорин Бесими, поранешни директори на тетовската болница за пожарот во кој загинаа 14 наши сограѓани.
Филипче и Ахмети, двајца ликови кои никој не ги поддржува, кои се во длабока опозиција, единствено што можат да направат, пред да си заминат во политичката историја, е преку своите инсталации во судството да се амнестираат.
Како може да има нула обвинети или осудени за пожар во модуларната болница? Како може да биде крив кабелот? Како може Филипче да не биде повикан ниту на информативен разговор, а Бесими и Етеми да се ослободат? Дали пресудите и обвиненијата во правосудството се бришат доколку сте близок до Филипче или Ахмети?
Случај во кој живи изгореа 14 наши сограѓани, мора да има поинаква судска разрешница. Правда мора да има.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петрушевски: Судиите на Филипче и Ахмети повторно…
Судиите на Филипче и Ахмети повторно во…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…
СДС се познати по пропаѓањето на банки…
Мицкоски за изборите во Брвеница: Очекувам победа…
Денеска ќе имаме завршно обраќање пред жителите…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев соработуваа со луѓе…
Венко Филипче и Зоран Заев, по нивниот…
Манасиевски: Филипче, Заев и Ковачевски се првите…
Филипче, Заев и Ковачевски се првите другари…