Вучиќ: СНС нема да ја кочи работата на српското Собрание
Носителот на листата „Обединета Србија“, Александар Вучиќ, изјави дека пратениците од оваа листа нема да го опструираат конституирањето на Народното собрание на Србија и дека ќе учествуваат во работата на оваа институција.
„Ќе учествуваме во парламентарната борба, доколку партијата и листата не одлучат поинаку. Нашата цел е на луѓето да им претставиме што мислиме, што работиме и што, верувам, граѓаните го препознаваат кај нас како добро – стабилноста, сигурноста и сето она што постепено, но сигурно, ќе се враќа“, изјави Вучиќ за ТВ Пинк.
На прашањето зошто го обвинуваат дека ќе го опструира конституирањето на Народното собрание, Вучиќ одговори дека тоа го прават затоа што тргнуваат од себе и затоа што таков бил нивниот план.
Тој им се заблагодари на граѓаните на Србија кои, особено во последната недела, биле покрај листата на чие чело се наоѓа.
„Огромна благодарност до луѓето кои се подготвени да се борат, кои добро разбираат што е држава и кои добро разбраа на какви лаги и измами станува збор, а тоа им го потврди и Динко Грухоњиќ. Во секој случај, кога ќе дојдете на власт и кога ќе ја изгубите власта, тоа треба да биде нешто нормално. Само во нашата земја тоа не е нормално, и тоа секогаш кога тие доаѓаат на власт, кога доаѓа некаква група анархолиберали, левичарски демократи и други. Секогаш се жедни и жедни за крв, за ништо друго“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека кога таквите доаѓаат на власт, немаат планови, програми и идеи, ниту, пак, ги интересира напредокот на земјата и економијата.
Во таа насока, Вучиќ изрази загриженост за продолжувањето на големите и значајни проекти.
„Се плашам од запирање на бројни проекти во градежништвото, инфраструктурните работи и сообраќајот. Исто така, се плашам дека ќе запрат големи и важни проекти од кои граѓаните имаа огромна корист, а преку кои се генерира економскиот раст. Кога генерирате економски раст, тогаш имате повисоки плати, повисоки пензии и сè останато. Очигледно, тие не се заинтересирани за тоа“, изјави Вучиќ.
Тој додаде дека листата на чие чело се наоѓа во текот на предизборната кампања ја говорела вистината и водела фер кампања, додека, како што рече, „Студентската листа отворено лажела“.
На прашањето каква е иднината на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Вучиќ изјави дека станува збор за сериозна политичка партија, но дека нејзините претставници мора да седнат и да ја пронајдат својата улога во идниот политички живот на Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: СНС нема да ја кочи работата…
Носителот на листата „Обединета Србија“, Александар Вучиќ,…
(Видео) Кои се патниците на кои им…
Црногорската гранична полиција на аеродромот во Тиват…
Фон дер Лајен и Кошта по средбата…
Претседателите на Европската комисија и на Европскиот…
Вучиќ ги искара српските министри: „Ѓуро, не…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, обраќајќи се…
Вучиќ: Многу сум му благодарен на Додик…
Српскиот претседател Александар Вучиќ и лидерот на…