Денес се празнува Свети Иларион Мегленски
Роден е од угледни и побожни родители. Неговата бездетна мајка долго Му се молеше на Бога да ѝ даде едно дете и по нејзините молитви ѝ се јави Пресвета Богородица и ја утеши со зборовите: „Не тагувај, ќе родиш син и тој многумина ќе обрати кон светлоста на вистината.“ Кога Иларион имаше три години, од неговите усни непрестајно се слушаше песната: „Свјат, Свјат, Свјат Господ Саваот!“ Добро школуван, тој се замонаши во својата осумнаесетта година и основа манастир со типикот на Св. Пахомиј. Трновскиот архиепископ Евстатиј во 1134 година го ракоположи за епископ Мегленски. Св. Иларион речиси сиот живот водеше голема борба против богомилите и против ерменските еретици. Но со својата духовна ученост и со својата светост неспоредливо ги посрами сите и мнозина од нив ги приведе кон Православието. Се упокои мирно во Господ во 1164 година.
Тропар
Откако се јави како чудо на уверувањето, си засветлил со делата на Божјите добродетели; си ги водел монашките заедници, си ги исчистил архиерејските седишта; откако не се поколеба од еретичките напади, си ја воздигнал Црквата Христова, преподобен Иларионе. Откако умре спиејќи, твоето тело остана сочувано цело и нераспадливо, и дава исцеленија на болни од разни болести, и прогонува демони. Поради ова те молиме: Моли се, да се спасат душите наши.
Кондак
Како светлоносен се покажа твојот спомен, архиереју, го растера мракот на очајанието, и блесна светлината на небесните дарови, сите на радост повикувајќи ги, зашто си примил благодат од Бога, Иларионе, и си бил скала на монасите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес се празнува Свети Иларион Мегленски
Роден е од угледни и побожни родители.…
Денес се празнува Светиот великомаченик Артемиј
Овој славен светител беше родум Мисирец и…
Денес се празнува Преподобен Прохор Пчински
Бидејќи се молеше за тоа, Бог му…
Денес се празнуваат Светиот пророк Осија
Син Веириин од племето Исахарово. Живееше и…
Денес се празнува Светиот маченик Лонгин
Божествениот евангелист Матеј опишувајќи го страдањето на…