Авион што летал од Германија за Турција итно слетал во Скопje, на копилотот му се слошило
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе од Келн до Анталија, вчера изврши итно слетување на скопскиот аеродром, откако на копилотот му се слошило за време на летот.
Екипажот прогласи итна состојба и побара дозвола за слетување во Скопје. Авионот слета безбедно во 05:06 часот наутро.
Авионот полета од Келн/Бон кратко по 03:00 часот. За време на летот над Балканот, екипажот го испрати сигналот за итни случаи со код 7700, преку кој пилотите ја известуваат контролата на летање за итна ситуација.
Според германската телевизија „RTL“, копилотот имал болки во стомакот и главоболка. По слетувањето во Скопско, му била укажана медицинска помош. Авиокомпанијата не даде дополнителни информации за неговата состојба.
Патниците го продолжија патувањето со резервен авион, кој пристигна во Скопско од Виена. Друг авион Боинг 737-800 ги собра патниците и се упати кон Анталија.
Авионот пристигна во Турција околу 16:20 часот по локално време, иако летот првично беше закажан да заврши во 08:20 часот наутро.
„Сан Експрес“ потврди дека летот бил пренасочен кон Скопје од медицински причини и дека авионот слетал безбедно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе ја…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе ја…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…
Косовските безбедносни сили добија 12 воени камиони…
Косовските безбедносни сили (КБС) добија 12 камиони…
Министрите за одбрана на Бугарија, Романија и…
Трилатерална средба на министрите за одбрана и…