Објавено на:

ЕУ со нови насоки за кризи: Домаќинствата да бидат подготвени за првите 72 часа

t

Европската комисија на 3 ноември претстави нови насоки со кои ги повикува граѓаните да се подготват самостојно да ги покријат основните потреби во првите 72 часа од криза. Насоките ги претстави еврокомесарката за подготвеност и управување со кризи Хаџа Лахбиб на Европскиот форум за цивилна заштита.

Практично, подготовката подразбира домаќинствата однапред да имаат резерви од вода и храна, неопходни лекови и основни средства за осветлување и комуникација. Торба за итни случаи со најнеопходните работи може да биде при рака ако треба брзо да се напушти домот. Целта на препораката за 72 часа е граѓаните да можат да се снајдат во почетната фаза на криза, додека службите за итни случаи реагираат.

Насоките се дел од пошироката стратегија на ЕУ за подготвеност при кризи. Комисијата паралелно препорача и проверки на националните системи за цивилна заштита за да се утврди дали клучните служби можат да продолжат да работат за време на вонредна состојба.

Лахбиб најави и годишен Ден на подготвеноста на ЕУ, чие прво издание е планирано за октомври 2027 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ со нови насоки за кризи: Домаќинствата…

Европската комисија на 3 ноември претстави нови…

„Њујорк тајмс“: Американската армија има план за…

Американската Централна команда (CENTCOM) има подготвени планови…

Вучиќ: Луѓето во Србија ќе бидат шокирани…

Лидерот на опозицијата во Србија, Александар Вучиќ,…

Се огласи гувернерот Славевски: Во ниту еден…

Во еден момент во мојот настап во…

Израел ги предупредил САД: Иран можеби подготвува…

Израел доставил разузнавачки информации до Соединетите Американски…