Објавено на:

Иран се заканува со ракетни напади врз европски земји што имаат американски бази

t

Ирански пратеници се заканија со ракетни напади врз европски земји на чија територија се наоѓаат американски воени бази. Во меѓувреме, иранските државни медиуми предупредија дека евентуалното обновување на конфликтот со САД може да се прошири и до „срцето на Европа“.

„Ако Америка ги користи своите бази во Европа, вклучително и во Италија и Германија, иранските ракети ќе бидат истрелани кон Европа“, изјави за „Еуроњуз“ Ахмад Бахшајеш Ардестани, член на парламентарната Комисија за национална безбедност.

Тој додаде дека Иран не постапил така во претходните два конфликта, но дека овојпат нема да дозволи европската помош за американски напад врз Иран да помине без последици.

Според него, европските земји веќе биле дел од претходната фаза на конфликтот со тоа што дозволиле користење на нивните воени бази. Ардестани предупреди дека Иран ќе нападне секоја база што ќе биде употребена против него, но и „материјалните и нематеријалните средства“ на државите што ќе ѝ помагаат на Америка.

Друг член на Комисијата, Фада Хосеин Малeki, изјави дека Иран подготвил нов пристап и сценарио за евентуален обновен конфликт, за кое верува дека ќе ги изненади и САД и европските земји.

Порака пред германската амбасада во Техеран

Иранската Исламска револуционерна гарда во средата објави соопштение, на годишнината од заземањето на американската амбасада во Техеран во 1979 година, ден што во Иран се одбележува како „Ден на борбата против глобалната ароганција“.

Во соопштението се најавува „непосреден и ефикасен одговор, без географски ограничувања, на секое ниво и вид закана“. Се повикува и на наредби што му се припишуваат на ајатолахот Моџтаба Хамнеи, за ажурирање на иранската „листа на цели“ и ставање на материјалните и нематеријалните средства на противникот во дострел.

Пред протестните маршеви, поддржувачи на иранската влада поставиле транспарент пред германската амбасада во Техеран со порака од секретарот на Врховниот совет за национална безбедност, Мохсен Резаи: „Европа ќе ја плати цената за поддршката на Израел“.

Агенцијата Фарс, блиска до Револуционерната гарда, објави дека зад поставувањето на транспарентот стојат членови на студентската организација Басиџ при Универзитетот во Техеран.

„Еуроњуз“ побарал коментар од германската амбасада и Министерството за надворешни работи на Германија, но до објавувањето на текстот не добил одговор.

Фарс одделно објави дека Иран ја предупредил Германија оти нејзините воени капацитети во регионот ќе бидат сметани за „легитимни одбранбени цели“ доколку Берлин влезе во отворен воен судир со Техеран. Ова тврдење не можело независно да биде потврдено.

Иранските власти во изминатите недели го повикале германскиот амбасадор поради поддршката на Берлин за Израел.

Иранскиот весник „Кајхан“, кој се издава под надзор на претставник на ајатолахот Моџтаба Хамнеи, објави дека потенцијалните ирански цели повеќе не се ограничени само на американските бази на Блискиот Исток, туку може да го опфатат и „срцето на Европа“.

Во меѓувреме, Резаи на социјалната мрежа Икс оцени дека американскиот одговор на иранските барања не е убедлив. Тој порача дека Вашингтон мора целосно да исполни седум услови на Техеран пред повторно да биде отворен Ормускиот Теснец.

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, пак, го поздрави поразот на републиканците на конгресните избори во вторникот, оценувајќи дека американскиот народ „кажал не на војната“.

„Ако американската влада ја игнорира волјата на народот за да им удоволи на менаџери кои даваат мито и се занимаваат со меѓународна уцена, ќе сфати дека нашето ‘не’ носи кошмар“, напиша Галибаф.

Запрашан дали планира да заземе поостар став кон Иран, американскиот претседател Доналд Трамп даде неодреден одговор, велејќи дека ќе ја разгледа ситуацијата и ќе реагира доколку биде потребно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран се заканува со ракетни напади врз…

Ирански пратеници се заканија со ракетни напади…

Галибаф: Американците на изборите рекоа „не“ на…

Главниот ирански преговарач со САД, Мохамад Багер…

Обама: Американскиот народ испрати порака дека сака…

Поранешниот претседател на САД – Барак Обама,…

(Видео) ИРАНСКАТА ДРЖАВНА ТЕЛЕВИЗИЈА ЕМИТУВАШЕ УПАТСТВА ЗА…

Иранската државна телевизија и медиумите во земјата…

Иран пак се заканува со напади врз…

Корпусот на гардата на Исламската револуција (КСИР)…