Тошковски: Возачите научија каде се камерите на „Безбеден град“ — отсега прекршоци ќе снимаат и полициските возила
Полициските возила ќе станат мобилни камери за откривање сообраќајни прекршоци во местата каде што нема „Безбеден град“, а новата контрола треба да почне во 2027 година, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Тој денеска соопшти дека голем број возила на МВР ќе бидат опремени со уреди што ќе можат да откриваат прекршоци, пред сè возење со брзина поголема од дозволената.
Според Тошковски, возачите веќе знаат каде се поставени камерите на „Безбеден град“ и таму ги почитуваат правилата, но на патиштата без камери продолжуваат да возат несовесно.
„Сега ги научивме камерите каде се и знаеме дека каде што има камера возиме така како што треба, а каде што нема камера повторно имаме поинаков тип на управување со моторно возило. Во иднина голем број од полициските возила, вклучително и цивилните, ќе бидат опремени со уреди со кои ќе може да се констатираат неколку прекршоци“ рече Тошковски.
Тој појасни дека прекршоците што ќе ги регистрираат мобилните камери директно ќе се внесуваат во електронскиот систем, па возачите нема да знаат однапред каде може да бидат контролирани.
Тошковски не соопшти колку полициски возила ќе добијат вакви уреди. Според најавата, мобилната контрола треба да ја зголеми дисциплината и безбедноста во сообраќајот, особено на патиштата каде што нема поставено фиксни камери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Не помина интерпелацијата на Тошковски
Попладнево во Собранието пратениците дебатираа за интерпелација…
РОДИТЕЛИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО ОЧИ МУ КАЖАА…
Родителите на загинатите му кажаа на Тошковски…
Продолжува судењето за убиството на Вања и…
Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжува судењето…
Петровска: Внатрешната контрола во МВР нарачана од…
„Овој случај не беше одолговлекуван, ниту се…
Продолжен притворот за осомничените за убиството на…
Продолжен притвор од 30 дена добија петмината…