Објавено на:

Хакери се обиделе да ги уништат резервите на крв во Франција

t

Француските власти истражуваат кибернапад врз неколку регионални центри за складирање крв и крвна плазма, при што хакери се обиделе да ги зголемат температурите во ладилниците до опасно високи нивоа. Благодарение на системите за следење и алармирање, како и на брзата реакција на вработените, крвните продукти биле спасени и нема пријавени штети, пишува „Еуроњуз“.

Нападот се случил на 2 ноември, а биле погодени три складишта на Француската установа за крв (EFS), во кои се чувале производи од крвна плазма наменети за трансфузија и за производство на лекови.

Од ЕФС соопштиле дека температурата и праговите за одмрзнување биле поставени на исклучително високи вредности. Системите за надзор и алармирање навреме ги откриле промените, по што персоналот презел мерки за да ги заштити резервите.

„Не се утврдени здравствени последици и не е изгубен ниту еден крвен продукт“, соопштила Француската установа за крв.

Според француското Министерство за здравство, нападот влијаел врз одредени системи за следење и контрола на ладилните простории во регионалните центри. Надлежните потврдиле дека ситуацијата е под контрола и дека безбедноста на резервите била зачувана благодарение на алармните системи и веднаш преземените превентивни мерки.

Истрагата треба да утврди како бил изведен нападот, кои уреди биле погодени и под кои услови системите можат безбедно да се вратат во нормална функција. Во неа се вклучени француската Агенција за сајбер-безбедност и Министерството за здравство.

Инцидентот се случува во период на серија напади врз системи за ладење низ Европа. Претходно хакери успеале да ги преземат контролите врз фрижидери и замрзнувачи во супермаркети во повеќе европски земји, предизвикувајќи расипување и уништување големи количества храна.

Засега не е познато кој стои зад нападот врз складиштата за крв, ниту дали тој е поврзан со претходните инциденти врз европските трговски синџири. Француските власти продолжуваат со истрагата, додека ЕФС соопштува дека собирањето и дистрибуцијата на крв продолжуваат без прекин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хакери се обиделе да ги уништат резервите…

Француските власти истражуваат кибернапад врз неколку регионални…

Калас: Гласачите во САД јасно ја изразија…

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни…

Европската комисија ги препознава конкретните резултати од…

Извештајот на Европската комисија за 2026 година…

Откриен идентитетот: Билјана Кириќ (17) е девојката…

Седумнаесетгодишната Билјана Кириќ е девојката која беше…

„Дејли мејл“: Трамп бесен по изборниот пораз,…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја следел изборната…