Иран објави информација за три опожарени бродови во Ормуската Теснина
Два танкера и реморкер се опожарени во Ормуската Теснина, објавија рано утринава иранските медиуми, повикувајќи се на Иранската револуционерна гарда.
Еден од танкерите налетал на мина, објави новинската агенција Фарс, без да наведе што го предизвикало пожарот на вториот танкер.
Реморкерот се приближил за да помогне во гаснењето на пожарите, но и самиот бил зафатен од пламен, се наведува во извештајот.
Информации од иранските медиуми засега не се независно потврдени.
Ормуската Теснина, клучната поморска рута за глобалното снабдување со нафта и гас, во последно време е место на повторени напади врз пловни објекти. САД го обвинуваат Иран за нападите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран објави информација за три опожарени бродови…
Два танкера и реморкер се опожарени во…
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…