(Фото) Полициска акција во Куманово: Пронајдени пари, возила и документација, неофицијално се работи за лихварство
Полициски специјалци и истражители утрово спроведуваат претреси на повеќе локации во Куманово, во рамки на акција што, според неофицијални информации насочена кон лица осомничени за организиран криминал.
Постојат сомневања за група која подолг период дејствувала во Куманово и пошироко, занимавајќи се со изнуда, лихварство и перење пари. Според истите извори, истражителите проверуваат наводи дека осомничените користеле закани, насилство и уцени за стекнување противправна материјална корист.
При досегашните претреси, неофицијално, биле пронајдени парични средства, возила и документација што би можеле да бидат значајни за истрагата. Засега не е соопштена вредноста на пронајдените средства, ниту дали сите предмети се одземени.
Се проверуваат и локации поврзани со нотарска канцеларија и менувачница. Се испитува дали постои нивна поврзаност со сомнителните финансиски активности. Самото спроведување проверки не утврдува кривична одговорност на лицата или субјектите поврзани со овие локации.
Медиумот наведува дека за организатор на групата се сомничи лице познато под прекарот „Штука“. Овој навод засега нема официјална потврда од надлежните институции.
Акцијата следува по подолготрајна оперативно-истражна работа на Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност, во координација со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Се очекува МВР и Обвинителството да соопштат детали за постапката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Полициска акција во Куманово: Пронајдени пари,…
Полициски специјалци и истражители утрово спроведуваат претреси…
НОВ БРАН БЕЗБЕДНОСНИ ЗАКАНИ ВО ЕВРОПА: Најмалку…
Нов бран пријави за бомби и сомнителни…
Српскиот динар продолжува да паѓа: Најниска вредност…
Српскиот динар продолжува да ја губи вредноста…
Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната…
Полициска акција во Куманово, неофицијално се истражува…
Засилено полициско присуство е забележано утрово на…