Храната повторно поскапува во Европа, еве кои земји имаат најголем раст
Цените на храната во Европа повторно почнуваат да растат, особено на свежите намирници, додека зголемените трошоци за енергија и транспорт дополнително ги оптоваруваат потрошувачите.
Според податоците за септември, цените на храната и безалхохолните пијалаци во Европската Унија пораснале за 0,6 отсто на годишно ниво, но меѓу државите постојат значителни разлики, покажува анализата на „Еуроњуз“ (Euronews) заснована на податоците од Евростат (Eurostat).
Најголем раст е забележан на Кипар, каде што цените пораснале за четири отсто. Следуваат Шпанија со 2,7 отсто, Романија со 2,6 отсто, Малта со 2,5 отсто и Португалија со 2,4 отсто.
Надвор од Европската Унија посебно се издвојува Турција, во која цените на храната во последните една година пораснале за 27,6 отсто.
Истовремено, во 14 од 27-те членки на ЕУ е забележан пад на цените на храната и безалхохолните пијалаци. Најголемо поевтинување е регистрирано во Шведска, од 6,3 отсто, откако тамошната влада во април го намали данокот на додадена вредност за храната од 12 на шест отсто.
Пад на цените меѓу 3,8 и 4,8 отсто е забележан и во Летонија, Унгарија и Чешка.
Меѓутоа, најновите податоци за октомври укажуваат на повторно забрзување на растот на цените на одделни производи. Во Франција свежите намирници поскапеле за осум отсто во однос на истиот месец минатата година, додека во Италија растот на цените на непреработената храна достигнал 7,5 отсто.
Состојбата во јужна Италија дополнително ја влошија протестите на камионџиите поради високите цени на дизелот, кои предизвикаа прекини во снабдувањето на продавниците.
Според прелиминарните податоци на Евростат, вкупната инфлација во еврозоната достигнала четири отсто во октомври, што е највисоко ниво во повеќе од три години. Цените на енергијата пораснале за 20,8 отсто, додека непреработените прехранбени намирници поскапеле за 4,6 отсто.
Иако моменталните зголемувања на цените на храната се релативно умерени, европските домаќинства веќе ги чувствуваат последиците од повеќегодишната инфлација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Храната повторно поскапува во Европа, еве кои…
Цените на храната во Европа повторно почнуваат…
Австралиците повикани да се подготват за кризи:…
Австралиците се повикуваат да бидат подготвени за…
Светска банка предупредува на нов бран поскапувања…
Цените на енергенсите во светот годинава ќе…
Македонците фрлаат 17 килограми храна повеќе од…
Македонските домаќинства во просек фрлаат по 86…
Високите температури го зголемуваат ризикот од труење…
Новото најавено зголемување на дневните температури, кое…