Приведен 37-годишен дрвокрадец во Кучевиште

t

МВР информира дека вчера попладне околу 19:00 часот, во село Кучевиште, скопско полициски службеници од СВР Скопје сопреле патничко моторно возило „сузуки“, управувано од М.К.(37) од Скопје во кое се превезувале огревни дрва без соодветна документација за нивното потекло и транспорт.

М.К. е приведен по член 104 став 11 од Закон за Шуми и спроведен во Полициска станица за понатамошна постапка.

Известена е Шумската полиција за преземање понатамошни мерки и активности.

Дополнително, при извршените проверки било утврдено дека лицето не поседува возачка дозвола.

Известен е надлежен јавен обвинител и по чии насоки против лицето да биде поднесена кривична пријава согласно член 297-а од Кривичниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведен 37-годишен дрвокрадец во Кучевиште

МВР информира дека вчера попладне околу 19:00…

МВР: За само пет дена 25 пријави…

Во периодот од 1 до 5 ноември,…

Приведен 25-годишник од Тетово: Ја нападнал сопругата,…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.…

Уапсен е прилепчанец, полицијата дома му најде…

Полицијата вчера уапсила млад прилепчанец откако при…

Жена украла козметика од гостиварска аптека, ја…

Жена вчера украла козметички производи од аптека…