Поранешниот претседател на МАНУ Коцарев вели дека Академијата тивко се распаѓа, Претседателството реагира

t

Претседателството на Македонската академија на науките и уметностите реагира по неколкуте колумни во кои нејзиниот член и поранешен претседател, академик Љупчо Коцарев, го обвинува актуелното раководство дека молчи додека континуирано се одвива „тивко распаѓање“ на Академијата.

„Максим е патриот на батерии од Кина“ — АА му врати на Димитриевски за изјавата дека ќе ја напушти владата
Молк кој привлече внимание: Реал Мадрид го „заборави“ Роналдо
Коцарев, кој беше на чело на МАНУ од 2020 до 2023 година, во двата текста обвини дека МАНУ во последните години на повеќе начини е ослабната и доведена во состојба на потчинетост кон државата.

„Распаѓањето на МАНУ не се случи со гласна одлука. Се случи тивко: со два правилника објавени на последниот ден од годината, со една шифра што исчезнува од републичкиот буџет, со една одложена примена „од технички карактер“. Исто толку тивко се рони и брегот на нејзината самостојност“, напиша меѓу другото академик Коцарев во текстот насловен „Распаѓањето на МАНУ во пет слики“.

Во реакцијата, Претседателството на МАНУ ги отфрла наводите поврзани со законитоста на донесените одлуки и сомневањата за финансиски малверзации, изразува поддршка за претседателот на МАНУ, акад. Живко Попов, и наведува дека работењето на Академијата се одвива согласно законите.

„Претседателството на МАНУ нагласува дека работењето на МАНУ се одвива стриктно со почитување на постојната законска регулатива, за што ќе има можност да се произнесе и државната ревизија која беше повикана од ова раководство и која се очекува да изврши надзор во текот на 2026 година. Неизјаснувањето на МАНУ во детали не претставува молчење на институцијата, ниту избегнување на нејзината законска обврска за транспарентност, туку почитување на институционалниот начин на комуникација и на законски утврдените постапки“, пишува во реакцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешниот претседател на МАНУ Коцарев вели дека…

Претседателството на Македонската академија на науките и…

МАНУ ГО ПРЕПОЗНА БАКАРОТ И ПОВИКА НА…

На Македонија ѝ е потребно рударство кое…

Претходниот претседател на МАНУ бара оставка од…

Љупчо Коцарев, претходниот претседател на МАНУ, побара…

МАНУ претстави стратегија за искористување на македонските…

Членови на Македонската академија на науките и…

Академик Живко Попов: Актуелниот притисок за формирање…

На одбележувањето на Денот на МАНУ односно…