Уапсен 39-годишник: Фатен додека подигнувал сомнителна материја оставена покрај електричен столб

t

На 06.11.2026, во 20:30 часот во Скопје од страна на полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје по претходно добиени оперативни информации, забележано е патничко моторно возило „мазда 3“, со скопски регистарски ознаки, од кое излегло лицето кое го управувало и истото подигнало непознатата растителна материја, која била оставена покрај електричен столб.
Од страна на полициските службеници му било пристапено, при што С.Б.(39) е лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Расте бројот на жртви во Краков: Шестмина…

Најмалку шест лица се убиени, а 16…

Хрватска за 13 години изгубила речиси 64.000…

Хрватска во изминатите 13 учебни години остана…

Трамп му нареди на Министерството за правда…

Американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на…

Денеска е Митровден – празник посветен на…

Македонската православна црква – Охридска архиепископија и…