Стотици илјади Украинци останаа без струја по новите руски напади врз енергетската мрежа
Новите руски напади врз енергетската инфраструктура во Украина, извршени во текот на ноќта, оставија стотици илјади потрошувачи без електрична енергија во Дњепропетровската и во Харковската област, соопштија украинските власти и енергетските компании.
Во централната Дњепропетровска област повеќе од 600.000 жители останаа без електрична енергија по ноќните напади врз важни енергетски објекти, објави украинскиот оператор ДТЕК на Телеграм, соопштувајќи дека напорите за санирање на штетите се дополнително отежнати поради повторените напади.
Во одделен напад, руски дрон погоди важен енергетски објект во североисточната Харковска област, поради што речиси 250.000 потрошувачи останаа без струја, соопшти градоначалникот на градот Златопол, Микола Бакшејев. Работите за поправка и таму се во тек.
Енергетската инфраструктура во пет украински региони веќе беше цел на масовни руски напади и во текот на ноќта кон саботата. Украина се подготвува за уште една исклучително тешка воена зима, додека Русија ги засилува секојдневните воздушни напади врз електроенергетската мрежа со беспилотни летала и ракети.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди нападите, оценувајќи ги како форма на директен притисок што Москва го врши во пресрет на трилатералните преговори, чие продолжување се очекува следната недела.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стотици илјади Украинци останаа без струја по…
Новите руски напади врз енергетската инфраструктура во…
Полските медиуми објавија вознемирувачки изјави за напаѓачот…
Во пукање на главниот плоштад во Краков,…
Напад врз нафтениот гигант „Арамко“ во Ријад,…
Канцелариите на „Сауди Арамко“ (Saudi Aramco) во…
„Системот се вика патријархат и е смртоносен“:…
„Не бараме сочувство, бараме одговорност“ – е…
На денешен ден е роден Михајло Апостолски:…
На 8 ноември 1906 година, во штипско…