„Нема да нѐ снема“ – граѓаните на протест против фемицидот
Со едноминутно молчење во знак на почит кон 17-годишната Билјана Кириќ од Богданци, која беше убиена од својот партнер, започна протестот против фемицидот. Присутните граѓани го изразија својот гнев и незадоволство од институциите, кои според нив, повторно потфрлиле во заштитата на жртвата.
„Мојот став е дека проблемот не е само фемицид. Тоа е и општествен и институционален проблем. Ова е нешто многу поголемо. Повеќе треба да се посветиме на воспитување и образование“.
„Го поддржувам овој протест бидејќи очигледно е дека девојката побарала помош, но системот потфрлил во својата реакција. Се трудиме да се подобрат работите“.
„Не очекувам ништо да смениме со протестот, ама мораме да дојдеме за да го искажеме незадоволството бидејќи имаше голем број фемициди во само една година“, истакнаа дел од присутните.
Од неформалната иницијатива „Ниту една повеќе“ нагласија дека надлежните не успеваат да го спречат насилството и побараа одговорност и итни промени.
Vero JUMBO oktomvri
„За сите пропусти бараме имиња, одговорност и санкции. Второ, итно поднесување и и усвојување на законските измени за заштита од насилство. Трето, вратете ги родот и родовата еднаквост во законите, програмите и образованието од каде ги избришавте. Не може да водиме борба против родово базирано насилство додека политички ја поткопуваме самата основа за негово препознавање. Четврто, разрешете ги од јавни функции оние кои што повикуваат на контрола врз жените, го оправдуваат насилството или го нормализираат нивното потчинување“, изјави Елена Петрова од неформалната иницијатива „Ниту една повеќе“.
Со извици „Нема да нѐ снема“, демонстрантите го започнаа протестниот марш од пред Собранието, продолжија кон Министерството за правда, каде што упатија гласни свирежи, а маршот го завршија пред Министерството за образование. Оттаму порачаа дека нема да се откажат од борбата против насилството врз жените и барањето правда.
Пред неколку дена, 17-годишната Билјана беше пронајдена мртва во опожарено возило во Богданци, а нејзиниот 21-годишен партнер беше пронајден мртов во близина. По случајот, голем број сограѓани излегоа на протести во Богданци барајќи одговорност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Нема да нѐ снема“ – граѓаните на…
Со едноминутно молчење во знак на почит…
Пијан охриѓанец правел хаос на улица: Уапсен…
На 07.11.2026 во 23.45 часот, на улица…
Разбудени од кома двајцата полицајци што го…
Полициските службеници Јакуб Кулик и Артур Морањски,…
ЕК го пофали напредокот, приходите над 2,1…
Царинската управа во 2025 година собрала над…
Тешко повреден пешак во Скопје, го удриле…
Вчера околу 13:40 часот на паркинг просторот…