Терористот од Краков почина во болница
Михал Оксински, кој уби шест лица во центарот на Краков, како и членовите на своето семејство, утрово починал во болница, соопшти полицијата.
Шест лица загинаа, а 15 беа повредени во пукањето во центарот на Краков, кое се случи во саботата. Родителите и сестрата на Оксински биле пронајдени мртви во нивниот дом.
Двајцата полицајци кои го совладале напаѓачот и натаму се во тешка состојба во болница. Стотици граѓани се пријавиле за да даруваат крв за нивно спасување.
Засега мотивите на напаѓачот остануваат мистерија. Полскиот министер за внатрешни работи, Марчин Кервински, изјави дека постојат индиции за влијание на крајнонационалистички и екстремно десничарски ставови. Истражителите ги проверуваат убедувањата на напаѓачот, подготовките за пукањето и неговите евентуални контакти.
По трагедијата, премиерот Доналд Туск одржа вонреден состанок со претставници на безбедносните служби и локалната администрација во Краков. Тој повика на солидарност со семејствата на жртвите и на одговорност при ширењето информации.
Полска прогласи национална жалост на 8 и 9 ноември, а во Краков локалната жалост ќе трае до 11 ноември. Во општината е формиран кризен штаб, додека надлежните служби продолжуваат со истрагата за околностите на трагедијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полскиот претседател Навроцки ќе ги одликува двајцата…
Полскиот претседател Карол Навроцки планира со државни…
Терористот од Краков почина во болница
Михал Оксински, кој уби шест лица во…
Расте бројот на загинати во Краков, напаѓачот…
Бројот на загинати во вооружениот напад што…
(Вознемирувачко видео) Пукање на плоштадот во Краков:…
Најмалку две лица загинаа, а десет други…
Полска ги предупреди сојузниците: Не преговарајте со…
Полска ги предупреди европските сојузници дека во…