Објавено на:

Трамп: Не е точно дека ги ставам сопствените финансиски интереси пред претседателската функција

t

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не се точни тврдењата оти за време на неговиот претседателски мандат им дава приоритет на сопствените финансиски интереси.

Тој посочи дека политиката на депортација на мигрантите истовремено им помогнала и им одмогнала на републиканците на последните избори на средината на претседателскиот мандат, на кои партијата претрпе пораз.

„Имам компанија. Моите синови ја водат компанијата. Тешко е да им кажам: Не правете ништо во следните четири години затоа што јас сум претседател“, изјави Трамп во емисијата „60 минути“ на телевизијата Си-Би-Ес (CBS).

Запрашан да го коментира извештајот на „Форбс“, според кој неговото богатство значително се зголемило откако се врати во Белата куќа, Трамп одговори дека нето-вредноста на богатството се зголемила и кај сите други.

„Речиси воопшто не посветувам време на размислување за моето богатство. Не ми е грижа. Имам многу пари, многу повеќе отколку што некогаш мислев дека ќе имам. Претпоставувам дека моето богатство се зголемило. Дури и самиот не знам“, рече Трамп.

Тој е најбогатиот човек кој ја извршувал претседателската функција во САД, а неговото богатство во последните неколку години се зголемило за милијарди долари, делумно благодарение на семејните бизнис-проекти поврзани со криптовалути.

Истовремено, анкетите покажуваат дека голем дел од американските гласачи сметаат оти Трамп, додека е на функција, им дава предност на сопствените деловни интереси.

Говорејќи за депортациите на мигрантите, Трамп оцени дека оваа политика имала и позитивни и негативни ефекти врз републиканците на изборите одржани на 3 ноември, на кои демократите освоиле убедливо мнозинство и во Сенатот и во Претставничкиот дом на Конгресот.

„Мислам дека добив оценка А+ за затворањето на границата. За депортацијата на луѓето добивам многу високи оценки кога станува збор за отстранување на лошите“, изјави американскиот претседател.

LANDOV Петров бара проверка на имотот на политичарите: Нека проверат и како јас сум го стекнал
Тој додаде дека проблемот настанал затоа што во САД биле примени и луѓе кои имале добри работни места, но нелегално влегле во земјата, поради што, според него, треба да бидат депортирани.

Трамп призна дека ова прашање предизвикало поделени ставови во американската јавност. Дел од граѓаните сметаат дека сите кои нелегално влегле во земјата треба да бидат депортирани, додека други веруваат дека на оние кои се добри луѓе, работат и плаќаат даноци треба да им се дозволи да останат.

„Мислам дека бевме премногу строги“, рече Трамп.

Тој додаде дека би сакал да постигне договор со демократите во Конгресот за прашањето на имиграцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Не е точно дека ги ставам…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…

Русија, Украина и САД пред нови преговори:…

Делегации на Русија, Украина и САД треба…

Нападнат клучниот саудиски нафтовод „Исток–Запад“: Избувнал пожар,…

Саудиска Арабија соопшти дека нејзиниот стратешки нафтовод…

Морничави закани кон новинарката Милка Смилевска на…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро…

Томески: Пожар зафати куќи кај Бит –…

Пожарот што попладнево избувна во куќи во…