ЕУ ќе воспостави присуство на својата воена мисија во Украина, мандатот продолжен до 2028 година

t

Советот на Европската Унија одлучи да воспостави присуство на својата воена мисија за поддршка на Украина, EUMAM Ukraine, на украинска територија. Целта е да се овозможи директна и поефикасна координација со украинските воени власти, вооружените сили на Украина и меѓународните партнери.

Одлуката е донесена по неодамнешната стратешка процена на работата на мисијата, која беше формирана во октомври 2022 година на барање на Украина.

Советот на ЕУ истовремено го продолжи мандатот на мисијата за уште две години, до 15 ноември 2028 година, и за нејзината работа во тој период предвиде буџет од речиси 300 милиони евра.

Според соопштението на Советот, мандатот на EUMAM Ukraine ќе биде дополнет со поголем фокус на искуствата стекнати на бојното поле и на унапредување на воената обука во согласност со потребите на украинските вооружени сили.

Од почетокот на мисијата, во нејзините програми за обука учествувале повеќе од 100.000 украински војници. Досега обуката се спроведувала на територијата на земјите членки на ЕУ, а мисијата ја координирала и усогласувала обуката што ја организираат одделните членки.

EUMAM Ukraine ќе продолжи да соработува со САД, Велика Британија, Канада и Норвешка, како и со НАТО и Коалицијата на подготвените.

Советот на ЕУ не објави детали за бројот на лица што ќе бидат ангажирани во новото присуство во Украина, ниту за неговиот конкретен статус и локација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ ќе воспостави присуство на својата воена…

Советот на Европската Унија одлучи да воспостави…

Мерц се закани со блокада на буџетот…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се заканил дека…

Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…

Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…

Македонија направила сè што Европската унија побарала…