„Безбеден град“ и во Струмица, Битола и во Штип

t

Министерството за внатрешни работи планира да ги опреми полициските возила со камери што ќе ја мерат брзината додека се во движење, како и да постави мобилни камери на критичните сообраќајни точки каде што најчесто се случуваат тешки несреќи.

Министерот Панче Тошковски најави дека целта е сообраќајните прекршоци да се откриваат на која било локација, а не само на местата со фиксни камери.

Според податоците на МВР, од 2 февруари до 20 август 2026 година системот регистрирал 310.865 сообраќајни прекршоци, од кои 301.835 биле за пребрзо возење.

Системот „Безбеден град“ веќе функционира во повеќе градови и на дел од главните патни правци. Следно е неговото проширување во Струмица, каде што се очекува да започне со работа во првата недела од декември, а потоа и во Штип и Битола.

Тошковски очекува до февруари системот да биде воведен на територијата на целата држава, нагласувајќи дека целта е намалување на сообраќајните несреќи и зголемување на безбедноста на патиштата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УХМР предупредува: Очекувајте дожд, грмотевици, ветер и…

Под влијание на циклонска активност времето утре…

УХМР предупредува: Доаѓа невреме со пороен дожд,…

Утре ќе има изолирана појава на нестабилност,…