Техеран ги отфрли обвинувањата за хакирање на системите за ладење во Франција
Иранското Министерство за надворешни работи ги отфрли обвинувањата на Франција за вмешаност во серијата сајбернапади врз системите за ладење во француски супермаркети. Техеран ги нарече тврдењата неосновани и пристрасни и ја осуди политиката на обвинување на Иран.
Реакцијата следува по изјавата на францускиот министер Жан-Ноел Баро од 9 ноември, кој ја посочи иранската Револуционерна гарда како одговорна за нападите од октомври. Тој наведе дека биле погодени 700 локации за дистрибуција на храна.
Париското обвинителство отвори истрага, а иранскиот амбасадор беше повикан во француското Министерство за надворешни работи.
Според обвинителството, напаѓачите оддалечено пристапиле до опремата преку веб-интерфејс. Потоа активирале абнормални циклуси на одмрзнување со неограничено траење и ги исклучиле предупредувањата што требало да сигнализираат надминување на дозволената температура.
Обвинителството наведува дека како последица на нападите избувнале околу 20 пожари.
Француските истражители ја посочуваат сајберединицата „Шахид Кавех“, поврзана со Револуционерната гарда, а најавената истрага ќе се насочи кон нејзиниот раководител.
Баро порача дека Франција ќе ги преземе мерките што ги смета за неопходни за спречување нови напади и казнување на одговорните. Додаде дека дел од можниот одговор нема да биде јавно соопштен.
Нападите ги разгледува и Европската комисија. Комесарот за земјоделство и храна Кристоф Хансен ги оцени како намерен обид за попречување на снабдувањето со храна, а за случајот е најавена и дискусија на следниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Техеран ги отфрли обвинувањата за хакирање на…
Иранското Министерство за надворешни работи ги отфрли…
ИРАН ГИ ДЕМАНТИРА ПРЕГОВОРИТЕ СО САД: Ормускиот…
Иран категорично ги отфрли информациите дека во…
ЕУ одобри присуство на својата воена мисија…
Европската Унија одобри воспоставување присуство на својата…
РТС: Странски компании најавија затворање погони во…
Тешкотии во работењето, намален обем на производство,…
Сиљановска-Давкова: ЕУ треба да го забрза проширувањето…
Европската Унија треба да го забрза пристапниот…