Над 90 уапсени во Србија за две недели: Меѓу нив полициски началници, директори и сопственикот на Алта банка Србија
Повеќе од 90 лица се уапсени во Србија во изминатите две недели во низа одвоени полициски акции поради сомневања за различни кривични дела. Меѓу приведените се високи полициски функционери, директори на јавни институции, претставници на локалната власт и лица од банкарскиот сектор.
Според Радио-телевизија Србија, која се повикува на податоците објавени од Министерството за внатрешни работи, акциите се спроведени по парламентарните избори од 25 октомври, а пред формирањето на новата влада.
Меѓу имињата што предизвикаа најголемо внимание во јавноста се началникот на Управата на криминалистичката полиција Марко Кричак, началникот на Службата за сузбивање криминал и командантот на Специјалната антитерористичка единица Игор Жмириќ. Во одделни постапки се уапсени и други припадници на полицијата.
На списокот се и сопственикот на Алта банка, Давор Мацура, покраинскиот секретар за социјална политика Предраг Вулетиќ, директорот на Републичкиот хидрометеоролошки завод Југослав Николиќ, управникот на затворот Забела Родољуб Рончевиќ и претседателот на Општина Инѓија Марко Гашиќ.
Истрагите се однесуваат на различни сомневања, меѓу кои злоупотреба на службената положба, перење пари и незаконско располагање со финансиски средства. Не станува збор за единствен предмет или за една заедничка полициска акција. N1 info
Еден од одделните случаи е апсењето на директорот на Републичкиот хидрометеоролошки завод и уште две лица. Според информациите за постапката, тие се осомничени за пренос и конверзија на имот во вредност од најмалку 650.000 евра, со цел прикривање на неговото наводно незаконско потекло. Сомневањата се однесуваат на активности во периодот од ноември 2019 до ноември 2024 година.
Професорот на Правниот факултет во Белград, Горан Илиќ, за РТС оцени дека актуелните апсења го отвораат прашањето зошто институциите не постапувале порано. Тој потсети дека судовите и обвинителствата и претходно ги имале истите овластувања, но според неговата оценка, клучно било дали предметите ќе бидат решавани или ќе останат во фиока.
Илиќ смета дека дел од кадрите во институциите ја користат политичката промена за да ја покажат својата активност пред новата власт. Истовремено нагласува дека апсењето не значи утврдена вина и дека презумпцијата на невиност важи за сите осомничени.
Според него, вистинскиот показател за промена ќе биде натамошното постапување на обвинителствата и судовите, како и исходот на предметите, а не само бројот на приведени лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Над 90 уапсени во Србија за две…
Повеќе од 90 лица се уапсени во…
Киев Индипендент: Сите зборуваат за Трета светска…
Шведска вложува во војската, ги обновува јавните…
Техеран ги отфрли обвинувањата за хакирање на…
Иранското Министерство за надворешни работи ги отфрли…
ИРАН ГИ ДЕМАНТИРА ПРЕГОВОРИТЕ СО САД: Ормускиот…
Иран категорично ги отфрли информациите дека во…
ЕУ одобри присуство на својата воена мисија…
Европската Унија одобри воспоставување присуство на својата…