Објавено на:

Трамп го номинира Михаил Богачек за нов американски амбасадор во Косово

t

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го номинираше Михаил Богачек од Флорида за нов амбасадор на Соединетите Американски Држави во Косово. Неговото име е испратено до американскиот Сенат, кој треба да ја разгледа и потврди номинацијата. Тоа значи дека Богачек сè уште не е официјално именуван и функцијата ќе може да ја преземе дури по завршувањето на постапката.

Богачек има повеќе од 25 години професионално искуство во областа на здравството, технологијата и институционалното управување. Според неговата професионална биографија, тој ја извршува функцијата извршен директор во Организацијата на американските држави, каде што ги надгледува административните операции, финансиите, човечките ресурси и информатичката технологија.

Претходно работел во приватниот сектор, а има образование од областа на индустриското и системското инженерство и докторска титула по биоинженерство. Говори руски, украински и хебрејски јазик.

Косово е без именуван американски амбасадор од декември 2024 година, кога мандатот го заврши Џефри Ховениер. Оттогаш амбасадата во Приштина ја предводи вршителката на должноста амбасадор, Ану Пратипати.

Номинацијата на Богачек ја поздрави и Амбасадата на Косово во Вашингтон. Косовскиот амбасадор во САД, Иљир Дуголи, му честиташе и изрази очекување за продолжување на соработката и зајакнување на односите меѓу двете земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп го номинира Михаил Богачек за нов…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го номинираше…

Американски војник уапсен во Британија под сомнение…

Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…

ЧУДО: Бебе пронајдено живо откако 24 часа…

Бебе на возраст од 11 месеци е…

Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…

Кристи Мекормик е предложена за нова амбасадорка…

Претседателот на САД – Доналд Трамп ја…