Граѓани снимиле камион како истура отпад кај „Јане Сандански“, Општината веднаш изрече казна

t

Жители на скопската општина Аеродром реагирале откако забележале камион како истура отпад на градилиште во близина на поликлиниката „Јане Сандански“.

По објавувањето на фотографиите во групата „Општина Аеродром – Граѓанска патрола“, општинските инспекциски служби излегле на терен и презеле мерки.

реклама

Од Општина Аеродром известуваат дека на изведувачот му било наложено да го отстрани отпадот и да ја исчисти локацијата, а инспектор за животна средина му изрекол и парична казна.

Граѓаните претходно реагирале поради сомнежите дека градежната дупка околу објектот се пополнува со отпад и градежен шут наместо со соодветен материјал. Дел од нив предупредиле дека ваквото постапување може да предизвика проблеми во иднина, вклучително и пропаѓање на земјиштето и површините околу објектот.

По интервенцијата, отпадот бил отстранет, а на градилиштето била поставена нова заштитна ограда.

Од Општината најавиле дека ќе продолжат со инспекциски контроли за да спречат непрописно одлагање отпад и создавање диви депонии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Граѓани снимиле камион како истура отпад кај…

Жители на скопската општина Аеродром реагирале откако…

За да нема голем ценовен скок на…

Владата ќе настојува струјата за македонските граѓани…

Вучиќ: Целосно би ги игнорирал претседателските избори

Поранешниот претседател и носител на листата на…

НБРМ поднесе кривични пријави за ширењето паника…

НБРМ поднесе кривични пријави за ширењето паника…