Москва предлага пакт со НАТО
Русија би можела да склучи пактови за ненапаѓање со поединечни земји-членки на НАТО, како дел од нова европска безбедносна рамка за која моментално се разговара во контекст на мировниот процес за Украина, изјави во средата еден висок руски дипломат, пренесува Ројтерс.
Алексеј Дробинин, висок дипломат во руското Министерство за надворешни работи, го изнесе овој предлог на безбедносна конференција во Москва, додека руските преговарачи – за време на дводневните разговори во Абу Даби – ја посочија европската безбедност како централно прашање.
Овој предлог беше еден од неколкуте модели што ги претстави Дробинин.
„Договори од ваков вид би можеле да се постигнат, меѓу другото, и со поединечни земји-членки на НАТО“, рече Дробинин, според Ројтерс, кој се повикува на видео-снимка од неговиот говор.
Тој напомена дека овие земји би можеле да добијат дополнителни, поединечни безбедносни гаранции од Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Москва предлага пакт со НАТО
Русија би можела да склучи пактови за…
Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе…
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска…
Мицкоски: Документ од 2023 година потврдува дека…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Тема…
Украина и Русија договорија размена на заробеници,…
Украина и Русија договорија поголема размена на…
Блокот на Ајзенкот го доби првото гласање…
Политичкиот блок предводен од Гади Ајзенкот го…