Петмина тинејџери кривично ќе одговараат за бруталното тепање на детето во Влае, на кое му ги искршија забите
Kривична пријава против петмината малолетници од Скопје ќе поднесе СВР Скопје поради сомнение за „насилство“, во врска со случајот со претепувањето на 13-годишното момче во скопската населба Влае, објави Скопје1.
„СВР Скопје по целосно документирање на случајот ќе поднесе кривична пријава против пет малолетни лица од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘насилство’“, информираат од МВР.
Се работи за случај од минатиот месец, за кој мајката на натепаното дете тогаш објави детали од бруталното насилство врз нејзиниот 13-годишен син. Според неа, група од 15 до 20 деца, претежно на возраст од околу 16 години, ѕверски го претепале нејзиното дете на плоштадот „Делфина“ во скопската населба Влае, по што тоа останало со тешки повреди и скршени заби.
Таа раскажа дека момчето најпрво било турнато во круг, а потоа повеќе деца почнале да го удираат и да го туркаат од еден кон друг. Мајката тврдеше дека при нападот бил употребен и метален боксирач, а најголем дел од ударите биле насочени кон главата на детето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петмина тинејџери кривично ќе одговараат за бруталното…
Kривична пријава против петмината малолетници од Скопје…
Приведен маж од Кичево, возел автомобил без…
На 11.11.2026 во 21:30 часот на ул.„Магистрален…
Пукање во Ѓорче Петров – нападнат 23-годишник
На 10.11.2026 околу 05:30 часот во СВР…
Тешко повредена 32-годишна скопјанка, се обидувала да…
32-годишна жена од Скопје се здобила со…
73-годишна жена била пронајдена почината во нејзиниот…
73-годишна жена вчера била пронајдена почината во…